Трипуновски: Исплатата на субвенциите за тутун се обврска, а не милостина на Николовски и Заев

Исплатата на субвенциите – пари кои што државата им ги должи на земјоделците, не е милостиња на Љупчо или Заев како што тоа сакаат да го прикажат, туку нивна обврска согласно закон.
Исплатата на субвенциите доцни веќе три недели. Наместо на време да почнеа со исплага сега прават гужви по банки, ја злоупотребуваат полицијата и прават драма, од нешто што требаше да помине како рутинска исплата.
Почитувани замислени величини. Субвенциите мора да ги исплатите, тоа е обврска и не се претатавувајте како лажни хуманитарци. Тие земјоделци произведуваат и плаќаат данок за да имате вие пари да фрлате на тендери и партиски вработувања и најмалку што заслужиле е да им се исплати тоа што е нивно.
Исплатата сега не ве аболицира од одговорност за сите пропусти во изминативе три години. Тутунот оваа, како и во изминативе три години како сте на власт им се откупува под цена, и се врши нереална проценка, вештачки се обезвреднува тутунот на земјоделецот.
Дополнително, оваа исто како и во изминативе три години големи количини на тутун останаа неоткупени.
Тутунарите не се мали деца за да ви поверуваат на лагите. Попусто се трудите да манипулирате. Тутунарите и земјоделците во целост не се задоволни од вашите политики и чекаат да си заминете.
Ново на Сител
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
