Тринаесет лица повредени од удар од гром на плажа во Охрид

Најмалку 13 лица пријавиле повреди или трауми предизвикани од удар на гром во невремето што попладне околу 15 часот го зафати Охридскиот регион.
Според информациите, громот удрил на локалитетот „Оревче“ во близна на плажата кај автокампот Градиште на Охридското Езеро.
Станува збор за лица од повеќе градови од државата, од кои четири се здобиле со изгореници на екстремитетите, додека другите воглавно биле без видливи повреди, но се пожалиле на тегоби од претрпениот стрес, како проблеми со слухот, дишењето…
Интервенирала службата за Итна медицинска помош и повредените се медицински згрижени во здравствените домови во градот.
Слично невреме во Охридскиот регион имаше пред неколку дена, проследено со краткотрајни, но интензивни врнежи од дожд, наместа град и чести електрични празнења.
Ново на Сител
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
