Триесетдневен притвор за 24-годишник од Челопек приведен за две кривични дела
Судија во претходна постапка во тетовскиот суд попладнево определи мерка притвор од 30 денови за 24 годишниот М.М кој вчера беше приведен откако пукал во воздух од автоматско оружје по расправија со сосед на 47 години. Тој вечерва ќе биде спроведен во казнено-поправната установа Затвор Скопје.
-До Обвинителсвото е поднесена и кривична пријава за две кривични дела-недозволно изработување, држење или тргување со оружје и распрскувачки материи согласно член 396 и за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори според член 214 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.
Вчера околу 18.00 часот во Челопек, полицајци го уапсија М.М.(24) бидејќи по пријавата за пукање при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени автоматска пушка со куршум калибар 7,62 милиметри, неколку празни рамки и чанта со марихуана.
Ново на Сител
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството поднесе обвинение за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд избира претседател
-
Општина Штип за првите 4 месеци прибра 30% за данок на имот
-
Волонтерите од Црвен Крст од Струмица со мали проекти ги поттикнуваат хуманите вредности во заедницата
-
Преглед на вестите од светот