-->
-->
Тридневна жалост во Бразил по уривањето на патнички авион
-->

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло, во која загинаа 61 лице.
„Од моментот на објавување на оваа уредба, официјално прогласувам тридневна жалост низ целата земја за жртвите во авионс.ката несреќа“, се вели во соопштението на Лула да Силва објавено на мрежата Х.
Патнички авион со 61 патник и членови на екипажот се урна вчера во местото Вињедо, во близина на Сао Паоло, и нема преживеани. Според информациите на превозникот „Voepass Linhas Aéreas“ се работи за турбо-лесен авион АТР-72 што се урнал меѓу Каскавел и Гуаруљос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
