Три жени од Скопје каснати од кучиња-скитници

Во Полициската станица Центар, вчера во 9:40 часот, В.Б.(48) од Скопје пријавила дека на завчера околу 12.20 часот додека се движела по ул. „Орце Николов“, била нападната од повеќе кучиња-скитници од кои едното ја гризнало за коленото од десната нога. По нападот, таа отишла во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и била укажана лекарска помош.
Во Полициската станица Ѓорче Петров, синоќа во 20:50 часот Т.Ј.(55) од Скопје пријавила дека околу 18:30 часот додека се движела по улицата „Лука Геров“ била касната од куче-скитник за левата нога.
Во Полициската станица Ѓорче Петров, синоќа во 21:15 часот Д.Н.П.(34) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.00 часот додека се движела по улицата „Лука Геров“ била касната од куче-скитник за десната нога.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
