Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен

На 27.12.2025 во 10:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека автопатот во изградба Охрид -Кичево, кај влезот за с.Требеништа, општина Дебарца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.П.(47) од Охрид, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(59) од Скопје и патничко возило „рено канго“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Ѓ.(67) од с.Требеништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.С.(59) од Скопје, сопатник од возилото „хјундаи“, а со телесни повреди се здобил возачот З.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид и по преземени мерки во 12.55 часот од слобода е лишен возачот В.П. затоа што е констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,25 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава по член 300 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
