Македонија
11. February 2024 - 19:23

Три пријави за насилство и грабеж на малолетници синоќа во Скопје

Синоќа во периодот од 21 часот до полноќ тројца родители пријавиле дека нивните деца биле нападнати во Градскиот парк и во центарот на Скопје.

– На 10.02.2024 во 22.15 часот во СВР Скопје, М.Ш.(46) од Скопје, пријавил дека во Градскиот парк во Скопје, неколку малолетни лица со закана со остар предмет од неговиот син одзеле пари, информираше МВР за пријавата во првиот случај.

Нешто подоцна, во паркот, бил нападнат уште еден малолетник.

– На 10.02.2024 во 23.40 часот во СВР Скопје, Б.П.(50) од Скопје, пријавил дека во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат неговиот малолетен син од страна на неколку малолетни лица, при што му биле одземени пари, се вели во пријавата.

Третиот инцидент се случил во центарот на градот.

– На 10.02.2024 во 21.00 часот, во СВР Скопје, А.Р.(50) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетни лица и му биле одземени пари.

МВР информираше дека ги расчистува сите случаи.