Тенис
23. January 2016 - 19:14

Три победи и две финалиња избори Ѓорческа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (прва носителка) денеска постигна три победи и избори финалиња во двете конкуренции на фјучрсот во Анталија.

Таа најпрвин во сингл во четвртфиналето ја победи Мариана Дражиќ од Хрватска со 6:2 и 6:0 во сетови, а потоа во полуфиналето беше подобра од Софија Квацабаја од Грузија (трета носителка) со 6:4 и 7:5 во сетови. 
Во финалето утре ќе игра против втората ностиелка Екатерина Горгадзе од Грузија (24 години, 352 на ВТА), која победи на претходниот турнир во Анталија.
Во конкуренција на двојки таа е прва носителка заедно со Јоана Лоредана Роска од Романија и во полуфиналето ги победија Агнес Букта (Унгарија) и Викторија Томова (Бугарија) со 6:2 и 6:3 во сетови.