Три музички изведби во рамки на „Култура во време на корона“

Програмата „Култура во време на корона“ за скопјани денеска ќе понуди два концерта, диџеј настап и панел дискусија.
Како што информираат од Град Скопје, во 19 часот на платото пред Универзална сала концерт ќе одржи групата „Antiart“, а во 20:30 часто на истата локација концерт ќе одржи групата „Bandoff“. Во 22 часот во Универзална сала настап ќе има DJ B!ZAARE, a во 17 часот во Универзална сала ќе се одржи панел дискусијата „Светлосна уметност во карантин.“
Концертите ќе бидат стримувани на: фејсбук страницата на Град Скопје, https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs, и на – Youtube каналот на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw.
Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13 април 2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.
Со овој повик, како што стои во соопштението, се поддржуваат маалски изведби во времетраење до два часа и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до два часа. Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари, а повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.
Ново на Сител
-

Иран, првпат по примирјето, ги нападна ОАЕ
-

Зголемување на цените на нафтата по нападот во ОАЕ
-

Три германски партии го напуштија Икс, тврдејќи дека шири пропаганда и дезинформации
-

Македонските кикбоксери блеснаа во Вараждин: 15 медали на ВАКО Европскиот куп и 4 медали на купот за почетници
-

Пожар во индустриска зона во ОАЕ по напад со дрон од иранско производство
-

Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога
-

Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи
-

Владата ја почна кампањата „Мај - месец на Европа“ во соработка со европските партнери
