Три милони швајцарски франци за регулирање на сливот на реката Струмица
Со буџет од 3 милиони швајцарски фраци ќе се намалува рзикот од поплави и суши и ќе се подобрува еколошкиот статус на водите во сливот на река Струмица.
Програмата за развој на обединетите нации УНДП започнува со реализација на нов проект кој има за цел да го подобри управувањето со водите во сливот на река Струмица кој обезбедува вода за пење и наводнуање за околу 25 000 жители од повеќе општини од Југоистокот на државата. Средствата за реализација на проектот кој ќе трае шест години се обезбедени благодарение на поддршката од Швајцарската агенција за развој и соработка, а во неговата имплементација ќе бидат вклучени повеќе инститиуции на национално и локално ниво.
,, Сливот и екосистемот на река Струмица е под постојана закана на поплави, од прекумерно користење на фертилизатори и други појави, а особено климатските појави дејствуваат и имаат влијание во последно време и ние мора да го заштитиме сливот,, вели Алесандро Фракасети заменик постојан претставник на УНДП.
Проектот меѓу другото предвидува преку развој на иновативни решенија за подобрување на пристапот до информации и знаење да се поддржи воведувањето на агроеколошките мерки и добрата земјоделска пракса, со што ќе се овозможат еколошки и социо – економски придобивки.
По сливот на Преспанското Езеро, ова е второ сливно подрачје во државата, каде што УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка спроведуваат ваков сеопфатен проект за заштита и одржлив развој.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
