Три лица загинаа во наводниот напад со хлор во Алепо

Тројца цивили, мајка и две деца, загинаа во напад, веројатно извршен со хлор, врз регион контролиран од бунтовниците во сирискиот град Алепо, изјави денеска претставник на спасувачките екипи.
Според Халед Харан, кој ја објави информацијата на Интернет, владин хеликоптер фрлил синоќа четири буриња со хлор врз квартот Забадие и едното од нив испуштило хлор.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права исто така соопшти дека владини сили фрлиле буриња над квартот. Според Центарот, во нападот загинале две лица, а кај неколкумина се забележани проблеми со дишењето.
Во Алепо продолжуваат борбите и покрај прекинот на огнот, прогласен од Русија, соопштија две бунтовнички групи.
Русија вчера соопшти дека секој ден ќе има прекин на огнот од 10 до 13 часот за да се олесни доставувањето хуманитарна помош.
Портпаролот на групацијата „Џаиш ал наср“, Мохамед Рашид изјави денеска околу десет часот дека изутрината силите на Башар ал Асад се обиделе да напреднат во регионот Рамуса, а руската воена авијација според него ги зајакнала своите активности.
Друг претставник на бунтовниците изјави дека околу 11 часот по локално време се уште се воделе борби.
Ново на Сител
-

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
