-->
-->
Три лица се убиени, едно повредено во вооружена престрелка
-->

Три лица загинаа, а едно е повредено кога двајца вооружени мажи отвориле оган врз група луѓе на улица во близина на Универзитетот Мериленд, во американскиот град Балтимор, соопшти полицијата.
Двајцата напаѓачи, кои се во бегство, излегле од две одделни комби возила и почнале да пукаат врз луѓето вчера вечерта околу 23 часот по локално време, се наведува во соопштението на полицијата.
Еден маж е убиен на лице место, додека другиот маж и една жена починале додека им е пружена медицинска помош, се додава во соопштението.
Четвртата жртва е жена, која е превезена во болница и се наоѓа на лекување.
Полицијата апелираше на граѓаните да бидат внимателни додека напаѓачите не бидат фатени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
