Три лица од Свети Николе ограбиле продавница
Три лица од Свети Николе уапсени под сомнение дека ограбиле продавница.
- На 14.01.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, лишени од слобода се А.Ѓ.(30), В.Р.(29) и Т.С.(38), сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешка кражба, информираат од МВР.
Имено, истиот ден тие одзеле поголема сума на пари од продажен објект во Свети Николе, но набрзо по извршеното кривично дело, во координирана акција на полициските службеници, тие се приведени во полициска станица.
По наредба на Јавен обвинител извршени се претреси кај лицата, при што се пронајдени и одземени пари, а до ОЈО Свети Николе поднесена е кривична пријава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
