Три години затвор за Берлускони

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони прогласен е денеска за виновен и осуден на три години затвор поради подмитување на еден сенатор во 2006 година во обидот да ја урне тогашната влада на левиот центар.
Судот во јужна Италија му изрече на Берлускони и забрана за извршување јавни функции во следните пет години, изјави судијата при објавувањето на пресудата, што во живо беше емитувано од телевизиските мрежи.
Берлускони, кој четири пати беше премиер на Италија и кој настојува да се врати на политичката сцена, го демантираше обвинението.
Тој меѓутоа нема да мора да ја отслужи казната поради принципот на застареност, кој стапува во сила подоцна оваа година, пред почетокот на каква било жалбена постапка.
Во обвинението е наведено дека Берлускони во 2006 година му платил мито на Серџо де Грегори, тогашен сенатор од партијата Италија на вредностите за да премине во неговата Партија на слободата и со тоа да помогне во уривањето на владата на левиот центар, која во тоа време беше на власт.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
