Три албански државјанки работеле како танчерки во угостителски објект во Желино

Три албански државјанки се затекнати при акциската контрола на полицијата што изминатата ноќ околу еден часот по полноќ е спроведена во угостителскиот објект „Ерди бос“ во Желино.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека во угостителскиот објект, сопственост на З.С.(34), трите албански државјанки на возраст од 22, 24 и 34 години биле ангажирани како танчерки.
- Поради злоупотреба на престојот односно престојување спротивно на целта, трите девојки се приведени и задржани во Полициската станица Тетово по што се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, изјави Јосифовски.
Паралелно со контролата во Желино, полицијата извршила и контрола во угостителскиот објект „Бабилон“ во Тетово при што не биле пронајдени странски државјанки.
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
