Трговијата меѓу Германија и Русија пораснала за 40 проценти

И покрај санкциите кон Москва, воведени од ЕУ и САД, трговската размена меѓу Германија и Русија во првите два месеци од 2017 година пораснала за 43 отсто во споредба со истиот период лани, се вели во извештајот на германско - руската трговска комора.
Во бројки, вкупната трговска размена во јануари и февруари го достигнала нивото од 6,7 милијарди евра, јавува дописникот на МИА од Берлин. Кај германскиот извоз, растот е 26 отсто, а кај рускиот извоз растот е на ниво од 55 отсто, се вели во извештајот, кој цитира анализи на германската царина.
Според германско - руската трговска комора подобрените трговски односи меѓу двете земји се должат на подобувањата на перформансите на руската економија и на порастот на цените на нафатата и нафтените деривати.
Германија е еден од најголемите поддржувачи на санциите воведени од ЕУ и САД кон Русија поради нејзината улога во кризата во Украина.
Ново на Сител
-

Над 5.000 договорци ќе добијат шанса за редовно вработување - поднесен нов закон
-

Ако не се најде решение за превозниците, ќе нема кој да ја испорача стоката до Унијата
-

На Неврологија третирале 16 годишен пациент со мозочен удар
-

Потпишана Националната програма за достоинствена работа
-

СДСМ: Историска победа во Србија – ќе се расчистат криминалите во Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
