-->
-->
Трет ден протести во Прилеп
-->

Под мотото „За заедничка Македонија“ трет ден се одржуваат протесни собири во Прилеп. Од здруженијата „Пере Тошев“, „Прилепски бранители“, „Карпалак“, „Андон Ќосето“ и здружението „Патриот“ кои ги организираат протестите, велат дека целта е да се пратат пораките за унитарна, заедничка Македонија на сите граѓани, еднојазична и без прифаќање некакви платформи составени надвор од државата.
Собраните граѓани протестираа по булеварот „Гоце Делчев“, од споменикот „Прилепски бранители“ до споменикот „Карпалак“.
Според Ивица Ангелески од здружението „Пере Тошев“, се разбуди петриотскиот дух во народот.
- Многу ми е мило што граѓаните се освестија, се разбуди патриотскиот дух за да ги одбрани Македонија, македонскиот јазик и македонскиот суверенитет. И понатаму, без разлика на партиската, верска припадност сите што сакаат да живеат во една држава, сплотени, ќе ни се придружат во мирните протести. Но, никако нема да дозволиме да ни наметнуваат некакви платформи создадени во други држави, изјави Ангелески.
Прилепчанецот Мирко Дамчески се приклучил на протстите за една Македонија. - Пораката е унитарна, една Македонија која им припаѓа на Македонците, рече Дамчески.
Гоце Стефаноски од здружението „Прилепски бранители“ информира дека протестите продолжуваат.
- Ќе продолжиме со протести додека не си ја зачуваме Македонија таква каква што е и каква што си ја сакаме, каква што ни ја оставиле нашите предци. Поддршката од граѓаните е голема, рече Стефаноски.
На крајот од протестниот марш на насобраниоте им се обрати и музичарот Сашо Гигов Гиш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
-

Хуманитарна акција на Супер Кит Го и Вива Фреш Стор - донирани пакетчиња во Домот за деца „11 Октомври“
-

Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци
-

Прилеп утре без струја од 6:30 до 11 часот поради замена на проводник на далновод
-

Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост
-

Во Берово - 5 степени, над 0 само во Охрид, Виница и Крушево
