-->
-->
Треневски: Добро е што приходите растат, но рано е да се зборува за заживување на економијата
-->
Рано е да се зборува за заживување на економијата и покрај растот на приходите во јули. За експертите, добро е што минатиот месец, за прв пат од стартот на корона кризата е забележан раст на приходите во буџетот, но неизвесноста продолжува посебно затоа што собраните пари се и натаму помалку од лани, а дупката во буџетот расте.
„Треба да имаме предвид дека се уште имаме околу 9,5 до 10% пад на приходите, а во јули растот на расходите изнесува над 11%. Значи дупката е прилично сигнификантна, а јавниот долг веќе надмина 59%. Значи, добар сигнал е дека падот е помал односно дека имаме благо зглемување на определени даночни приходи. Но, бројот на заболени од Ковид и натаму расте, се зборува за втор бран, така што неизвесноста продолжува“, вели за Сител универзитетскиот професор, Борче Треневски.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце