Кошарка
23. December 2015 - 9:50

Тренерот на Партизан, Божиќ потенција: Македонците имаат одличен тим

 Во пресрет на вечерашниот меч од кошаркарската АБА лига во кој МЗТ Скопје Аеродром го пречекува Партизан, тренерот на белградскиот тим петар Божиќ предупредува дека македонскиот шампион има одличен тим.
- Ќе имаме тешка задача, нè очекува тешка работа. МЗТ во последно време врза неколку добри натпревари и победи. Имаат добар тим, особено кога играат дома. Со победата над Металац само потврдија дека се во одлична форма’’, изјави тренерот на Партизан, Петар Божиќ.
 
Црно-белите својата шанса за првата победа на гостински терен сезонава ќе ја бараат во континуирано добра игра во текот на целиот меч. 
 
- Ќе мора да одиграме максимално добро во сите 40 минути, без падови и осцилации, доколку сакаме да оствариме победа. Во спротивно, ќе биде тешко да се победи искусен тим како што е МЗТ Скопје.
 
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Партизан кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански’’ ќе започне од 17 часот.