Loading Video...
Фудбал
12. July 2019 - 19:50

Тренчовски: Ова не е нашата игра

Екипата на Академија Пандев мина неславно во дебитантското претставување во фудбалска Европа. 

Струмичани се поразени убедливо со 3-0 на домашен терен од екипата на Зрински и се речиси без шанси да ја надополнат високата негатива во реваншот. 
Тренерот на А.Пандев Југослав Тренчовски по мечот беше самокритичен но изрази жалење што неговите фудбалери не ја одиграле својата препознатлива игра туку дозволиле да бидат надиграни на средината на теренот.