Тренчевска: Не сакаме да направиме решенија што ќе ги уназадат работничките права
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претставници од работната група од Законот за работни односи, државниот советник за трудово право, Миле Стојановски, кабинетската советничка, Ленче Коцевска, раководителката на секторот за политики од областа на трудовото право и политики за вработување, Маја Папатолевска и директорката на државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, присуствуваа на четвртата јавна расправа за овој закон во Битола. На расправата беа презентирани новитетите од нацрт верзијата од Законот, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
– Повеќе од четири години го работиме Предлог-законот за работни односи, не сакаме да направиме решенија што ќе ги уназадат работничките права, напротив, овој документ претставува устав за работничките права и треба да одговара и на работниците и на работодавачите. Јавните расправи се токму наменети за конструктивни дискусии што треба да го унапредат законот, смета Тренчевска.
Според министерката, новините во најголем дел се усогласени со регулативите на Европската Унија, како и со Меѓународната организација на трудот. Министерката истакнала дека една од главните цели на Владата е интеграција во Европската Унија и оти токму усогласување на законодавството е вистинскиот пат кон исполнување на таа цел.
Таа го искажала своето уверување дека со ваквиот транспарентен пристап, може да се добие еден усогласен текст, што ќе има 100 отсто согласност од сите страни.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228