Трамп за 19 февруари го планира првиот состанок на Одборот за мир

Американските медиуми пренесуваат дека на состанокот, закажан за 19 февруари, ќе присуствуваат повеќе светски лидери кои ја прифатија поканата на Трамп да се приклучат на Одборот, како и членови на извршниот комитет кој ќе го надгледува управувањето, безбедноста и реконструкцијата на Газа.
Деталите за состанокот, вклучително и бројот на лидерите што се очекува да присуствуваат, засега се непознати бидејќи дискусиите се во тек, но американските претставници очекуваат голема посетеност, додаваат американските медиуми.
Собирот ќе се одржи во Американскиот институт за мир, кој во моментов е во правен спор околу преземањето на контролата врз објектот од страна на администрацијата на Трамп и замената на голем дел од неговиот персонал.
Првично замислен како средство за решавање на актуелниот конфликт меѓу Израел и Хамас во Газа, Одборот за мир на Трамп прерасна во поширока иницијатива за справување со глобалните кризи.
Овој потег ги сигнализира напорите на администрацијата на Трамп да ги заобиколи традиционалните меѓународни рамки како што се Обединетите нации, обидувајќи се да го преобликува поредокот по Втората светска војна, наведуваат американските медиуми.
Оваа амбиција предизвика загриженост кај многу сојузници на САД, особено во Европа, кои го гледаат како потенцијален конкурент на Советот за безбедност.
МИА
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
-

Медведев: Веќе нема да важат никакви правила во војната против нацистичкиот режим во Киев
