-->
-->
Трамп: Украина и Русија се пред историски договор
-->
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор. Тој по пристигнувањето во Рим, каде ќе присуствува на погребот на папата Франциск, наведе дека е време Русија и Украина да седнат на маса.
-Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата – истакна Трамп.
Тој на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека „Повеќето главни точки се договорени. Запрете го крвопролевањето, ВЕДНАШ. Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме да се стави КРАЈ на оваа сурова и бесмислена војна“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Герард Кестел, Меѓународниот институт за социјални студии во Холандија
-
Средба Николоски-Караџов: Брзо да се финализира договорот за изградба на железнички тунел
-
Кочовска: До овој момент нема понуда за пругата од Коридорот 10
-
Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, аналитичарите не очекуваат исчекор во македонските евроинтеграции
-
Филипче во Берлин ќе лобира против „современ“ македонски јазик
-
ЗНАМ до средината јули ќе ги објави кандидатите за градоначалници
-
По одлуката на Уставен, ВРЕДИ и ДУИ се судрија за пописот во 2021
-
Пазарниот инспекторат констатирал зголемување на цените во маркетите, но не биле повисоки од пред замрзнувањето