Трамп: Сите потенцијални наследници на Хамнеи се мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во заедничките американско-израелски напади во саботата се убиени потенцијални наследници на врховниот лидер на Иран. Неговите коментари, дадени за Еј-Би-Си Њуз (ABC News) доаѓаат во време на неизвесност околу транзицијата на власта во Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
Во разговор со новинарот Џонатан Карл, Трамп тврдеше дека нападот бил исклучително успешен.
„Нападот беше толку успешен што ги елиминираше повеќето кандидати“, рече тој. „Нема да биде ниту еден од оние за кои размислувавме бидејќи сите се мртви. Вториот и третиот на листата се мртви“.
Трамп се осврна и на атентатот врз Хамнеи. „Јас го средив пред тој да ме докрајчи мене. Тие се обидоа двапати. Па, јас го средив прв“, изјави тој.
Да ве потсетиме дека во 2024 година, Министерството за правда на САД објави федерални обвиненија поврзани со спречен заговор чија цел беше да се убие Трамп пред претседателските избори. Според судските документи, иранските власти побарале од еден осомничен, Фархад Шакери, да се обврзе да го надгледува и на крајот да го извршува атентатот врз Трамп.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
