Трамп се закани со „целосно уништување“ ако Хамас го одбие неговиот план

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека палестинската милитантна група Хамас ќе се соочи со „целосно уништување“ ако го одбие неговиот план и не ја предаде власта и контролата врз Газа.
„Целоенсо уништување!“, изјави Трамп за Си-Ен-Ен, одговарајќи на прашање преку СМС-порака за тоа што ќе се случи со планот за прекин на огнот од 20 точки на Белата куќа ако Хамас инсистира да остане на власт.
На прашањето дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поддржува прекинот на бомбардирањето врз Газа и пошироката визија на САД, Трамп одговори: „Да, Биби е за“.
Американскиот претседател вели дека наскоро ќе се знае дали Хамас е навистина посветен на мирот. Тој се надева дека неговиот предлог за прекин на огнот ќе стане реалност и нагласи дека работи напорно за да го постигне тоа.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
