Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за завршување на војната
„Тукушто го завршив двочасовниот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин. Верувам дека помина многу добро. Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот, и што е уште поважно – за КРАЈ на војната. Условите за ова ќе бидат договорени меѓу двете страни, бидејќи тоа е единствениот начин да биде – тие ги знаат деталите од преговорите што никој друг не би можел да ги знае. Тонот и духот на разговорот беа одлични. Да не го стореа тоа, ќе го кажев сега, а не подоцна“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, во својата првична реакција по телефонскиот разговор со својот руски колега.
Русија сака обемна ТРГОВИЈА со САД кога ќе заврши ова катастрофално „крвопролевање“, и јас се согласувам со тоа. Постои огромна можност Русија да создаде огромен број работни места и богатство. Нејзиниот потенцијал е НЕОГРАНИЧЕН. Исто така, Украина може да биде голем победник во трговијата, за време на реконструкцијата на својата земја, напиша Трамп.
Според американскиот претседател преговорите меѓу Русија и Украина ќе започнат веднаш.
Ги информирав претседателот Володимир Зеленски од Украина, Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџија Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц и финскиот претседател Александар Стуб за ова – сите тие разговараа со мене веднаш по мојот разговор со претседателот Путин.
Ватикан, претставуван од папата, изрази голем интерес да биде домаќин на разговорите. Нека започне процесот!, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truтh Social, веднаш по двочасовниот телефонски разговор со Путин.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија