Трамп повторно ја нападна Мелони на социјалните мрежи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја нападна италијанската премиерка Џорџа Мелони на социјалните мрежи, објавувајќи нејзина фотографија со коментар дека е „потребна забрана за приближување“.
За време на состанокот на Г7 во француското одморалиште Евијан минатиот месец, Трамп и Мелони беа фотографирани како разговараат, но Трамп по тој разговор во интервју за ТВ Ла 7 изјави дека премиерката на Италија го молела да се фотографираат.
-Ме молеше да се сликам со неа, ми падна жал. Веројатно беше среќна затоа што разговарав со неа – рече тогаш Трамп, со што предизвика многу негативни коментари од Мелони и од други италијански функционери.
Потоа се огласи и Мелони, која му порача на Трамп дека неговите постојани, со ништо предизвикани напади се бесмислени, додавајќи дека на нејзината популарност во Италија сигурно не ѝ помогнало тоа што му е пријателка.
По повод најновиот напад на Трамп врз Мелони, прв се огласи лидерот на организацијата „Акција“ (Azione), Карло Календа. Тој на социјалните мрежи остро го критикуваше американскиот претседател и го нарече насилник.
-Трамп е подол, ситен насилник. Целосна солидарност со премиерката – порача Календа во својата објава, пренесува агенцијата АНСА.
МИА
Ново на Сител
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
-

„Safe City“ ги снимил: Донеле четирицикл со шлеп-служба и глумеле сообраќајка за пари од осигурување
-

Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи
-

Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање
-

Украински дронови погодиле уште 12 руски танкери во Азовско Море
