Трамп по грешка рече дека Шведска е цел на терористички напад

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на собир во Флорида по грешка ја наведе Шведска како една од целите на терористички напади во Европа, што воглавно наиде на потсмев меѓу Швеѓаните на социјални мрежи.
– Погледнете што се случи во Германија, погледнете што се случи вчера во Шведска. Шведска, кој би можел да поверува? Тие примија голем број мигранти, изјави Трамп бранејќи ја уредбата за забранет влез во САД на државјани од седум муслимански држави.
Шведскиот весник Афтонбландет на англиски јазик објави вести за случувања од петокот – еден човек примил медицинска помош поради изгореници, предупредување за лавина и шведска полиција во потера по пијан возач.
Според американски медиуми, дел од Швеѓаните се збунети, а некои му се потсмеваат на Трамп.
Меѓу нив е и поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билт кој на Твитер напиша: - Шведска? Терористички напад? Што пушел тој?
Портпаролката на Трамп засега не даде одговор што мислел американскиот претседател зборувајќи за Шведска.
Портпаролката на шведското МНР Катарина Акселсон изјави дека владата не знае за никакви „случаи поврзани со тероризам“. Шведските специјални сили соопштија дека нема никакви причини за зголемено ниво поради терористичка закана.
Ново на Сител
-

Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
-

Романија последен противник на македонската репрезентација во Б-групата на ЕХФ Еуро 2026
-

Стратува второто полугодие за учениците
-

Седница на Совет на ЈО, треба да се бира нов шеф на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски повторно сака избор
-

Се очекува Радев да поднесе оставка до Уставниот суд
-

Трамп телефонски разговарал со Руте за Гренланд
-

Европратеници повикуваат на создавање на европски социјални медиуми
-

Променливо облачно со повремен снег
