Трамп паузира со воведување царини за стоки од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија

Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги иззема материјалите од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија од зголемена царина од 25 отсто за увоз на стоки од тие земји.
Воведувањето царини од страна на Трамп, ја поттикна Канада да преземе одмазднички мерки, што предизвика тарифна војна меѓу двете соседни земји.
Одлуката за одмазднички мерки на Мексико се очекува овој викенд.
– Трамп одлуката за привремено изземање ја донесе откако разговараше со лидерите на „големата тројка“ американски производители на автомобили – Форд, Џенерал Моторс и Стелантис, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
На прашањето дали 30-дневното одлагање е доволно за да се подготви автомобилскиот сектор за новите тарифи, Левит нагласи: „Тој им рече да се соочат со ситуацијата, да почнат да инвестираат, да почнат да се селат, да префрлат производство овде во САД, каде што нема да плаќаат никакви тарифи“.
Акциите на големите производители на автомобили од САД, Азија и Европа скокнаа до шест отсто по новата одлука на Трамп.
Левит рече дека претседателот е „отворен“ за барања од други индустрии што бараат исклучоци.
Паузата на тарифите за автомобилите со кои се тргува според Северноамериканскиот договор за слободна трговија (USMCA) само го одложува поширокото воведување на тарифите, што стапуваат на сила на 2 април.
За тој ден, Трамп планира да воведе „реципрочни“ тарифи за да одговараат на увозните давачки, даноци и стимулации во други земји.
Ново на Сител
-

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026
-

Кушнер во Давос ги претстави плановите за реконструкција на Газа
-

Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија
-

Нови 2.062 случаи на грип, сезонава три лица починати со грип
-

Сослушани сведоци на судењето за случајот „Онкологија“
-

Клековски: Во март следува уште едно зголемување на платите во јавното здравство
-

Укинати се вонредните ситуации во сите општини во Србија поради снегот, ситуацијата е стабилизирана
-

Со потпишување на Повелбата стапи во сила Одборот за мир на Трамп
