Трамп одбележа 100 дена на власт со голем митинг полн со критики кон другите и пофалби за себе
Американскиот претседател Доналд Трамп одбележа 100 дена од преземањето на претседателската функција со голем митинг во градот Ворен, во сојузната држава Мичиген – регион познат како срцето на автомобилската индустрија.
На митингот, Трамп настапи триумфално, нарекувајќи ги првите 100 дена „најуспешните во американската историја“, наведуваат локални медиуми. Тој призна и дека му недостасува предизборната кампања.
Во долг говор Трамп повторно ги нападна својот претходник Џо Бајден („поспан“), американските медиуми („лажговци“), сојузниците („не ограбиле повеќе од непријателите“), демократите („луди левичари“), гувернерот на Федералните резерви Џером Пауел („не си ја врши работата“), ветерните електрани и „woke“ идеологијата.
Трамп ја бранеше својата протекционистичка економска политика, вети „нова златна ера“ за економијата и повеќе акции за протерување на недокументирани мигранти. Толпата ентузијастички скандираше „САД, САД, САД!“, ја пренесуваат атмосферата американските меидуми.
Од бината, блиската соработничка на Трамп, Марго Мартин, повика: „Трамп 2028 – што велите?“. Инаку, се почесто се слуша ваква иницијатива, иако Уставот на САД забранува трет претседателски мандат.
Според заедничка анкета на „Вашингтон пост“ и „Еј-би-си њуз“, само 39 отсто од Американците го одобруваат начинот на кој Трамп управува со земјата. Демократската партија оцени дека Трамп не направил ништо за подобрување на животот на средната класа, поради што многу гласачи се покајале што му дале поддршка.
Според истата анкета, 64 отсто од испитаниците сметаат дека Трамп оди предалеку во обидите да ги прошири своите овластувања. Во интервју за „Еј-би-си“, Трамп рече дека го мрази фактот што Американците мислат дека си зема преголеми овластувања. „Јас правам само едно нешто – ѝ го враќам достоинството на Америка“, изјави Трамп.
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство