Трамп објави мапа која ја прикажува Венецуела како дел од САД

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social визуелна содржина во форма на мапа на која Венецуела е прикажана како дел од САД, со натпис „51-ва држава“.
Објавената слика ја прикажува територијата на Венецуела исполнета со боите на американското знаме.
Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, пред два дена изјави дека нејзината земја не планира да стане 51-ва земја на САД, по информациите дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува за таков чекор.
„Ќе продолжиме да го браниме нашиот интегритет и суверенитет, нашата независност и нашата историја“, рече Родригез, која ја презеде власта во јануари по американската воена операција со која беше соборен тогашниот претседател Николас Мадуро, пренесуваат американските медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
