Трамп не сака повеќе да држи прес-конференции за Ковид-19

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека повеќе не вреди да им се обраќа на новинарите за пандемијата со новиот коронавирус.
Тој тоа синоќа го напиша на Твитер, откако предизвика светска полемика со изјавата Ковид-19 да се лекува со дезинфикациски средства.
– За што служат конференциите за новинарите во Белата куќа кога медиумите се оринетирани да поставуваат непријателски прашања и потоа одбиваат да ја кажат вистината или точните факти. Имаат рекордни конференции, а американскиот народ нема ништо освен лажни вести. Затоа не заслужува да се трудам, напиша Трамп на Твитер.
Трамп во четвртокот изјави дека инјектирање на средство за дезинфекција, како што е изопропил алкохол во телото може да го убие новиот коронавирус, а исто така предложи и зрачење на телото на пациентот со УВ зраци. Уште на самата прес-конференција лекарот ги оспори советите на Трамп. Еден ден подоцна американскиот претседател изјави дека не делел совети туку бил саркастичен.
Директорката на американскиот Завод за јавно здравство во сојузната држава Илиноис, Нгоки Езике изјави дека е регистриран значителен пораст на труење со дезинфекциски средства во последните два дена.
Д-р Езике посочи дека примиле пациенти кои со детергенти се обидувале да ги измијат синусите, додека едно лице правело гаргара со мешавина од избелувач и вода за уста, за да го уништи новиот коронавирус.
– Вбризгување и шмркање средства за чистење е опасно. Не го советуваме тоа, тоа може да биде смртноносно, посои д-р Езике.
Ново на Сител
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
