Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
- Иран и Израел треба да постигнат договор - и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор, напиша Трамп.
Тој додава дека во моментов се одржуваат многу разговори и состаноци.
- Наскоро ќе имаме МИР меѓу Израел и Иран! Работам напорно и никогаш не ги добивам заслугите, но тоа е во ред, луѓето разбираат. ДА ГО НАПРАВИМЕ БЛИСКИОТ ИСТОК ПОВТОРНО ГОЛЕМ!“, нагласува Трамп.
Објавата на претседателот на САД доаѓа по ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел што трае веќе трет ден.
Израел во петокот изврши голем воздушен напад врз иранските нуклеарни и воени цели, во кој беа убиени високи ирански воени функционери и научници. Како одговор, Иран лансира серија балистички ракети врз Израел.
Конфликтот предизвика меѓународна загриженост поради можноста од поширока регионална војна.
Трамп по запонувањето на израелскиот напад врз Иран изјави дека неговата администрација била свесна за плановите на Израел и се обидела да го охрабри Техеран да бара дипломатско решение пред ескалацијата на конфликтот.
Ново на Сител
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
-
Четири возила кај „Зебра“ изгореа во пожар
-
Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација