Трамп му дава на Путин три дена за прекин на огнот во Украина

Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави денеска дека Вашингтон очекува до крајот на оваа недела да добие одговор од рускиот претседател Владимир Путин за предлогот за прекин на огнот во Украина.
– Ќе го слушнеме нивниот одговор многу скоро, всушност оваа недела. Ние сакаме убиствата да престанат, рече Трамп на пресот со премиерката на Италија Џорџа Мелони во Белата куќа.
Трамп, исто така, повторно зборуваше за украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Не сум задоволен со него. Не го обвинувам, но велам дека не ја заврши најдобро работата. Не сум голем обожавател, рече Трамп за својот украински колега.
Трамп посочи дека Русија има многу поголема армија од Украина и повторно го обвини неговиот претходник Џо Бајден за војната, како што направи неодамна кога ги обвини и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Зеленски.
Додаде дека САД и Украина може да потпишат договор за природни ресурси најдоцна до 24 април. Според него, договорот овозможува Америка да ги надомести трошоците за воената помош дадена на Киев.
Според „Блумберг“ износот на овој „долг“ бил намален трикратно во текот на преговорите – од 300 милијарди на 100 милијарди долари.
САД се подготвени да воведат нови санкции против Русија доколку Путин не прифати примирје до крајот на април, според извори на „Аксиос“.
Трамп бил незадоволен од однесувањето на Путин и смета дека тој намерно го одложува преговарачкиот процес, дозна претходно „Фокс њуз“, Според истите извори, Белата куќа разгледува можност за строги санкции против руската „флота во сенка“. Трамп претходно изјави дека може да воведе тарифи и до 500 отсто за земјите што купуваат руска нафта.
Ново на Сител
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
-

Тема на денот со Александар Камбовски, претседател на Судски совет
-

Алиу со работна група се вклучува во случајот со извоз на мозочно ткиво во САД
-

Судски истражува предмети кои ги работел судијата Ристов
-

За еден ден 58 одземени дозволи
-

Камионџиите можеби ќе бидат изземени од новиот електронски систем за влез и излез од ЕУ
-

По завршување на огласот Владата ја продолжува постапката за избор на државен јавен обвинител
-

ЕУ ја пролонгира примената на EES системот до септември
