Трамп: Можен е голем конфликт со Северна Кореја, но сакам решение по дипломатски пат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно да дојде до голем конфликт со Северна Кореја заради нејзините нуклеарни и ракетни програми, но кажа дека претпочитува спорот да се реши по дипломатски пат, пренесоа британските медиуми.
- Има можност на крајот и да влеземе во голем, голем конфликт со Северна Кореја. Целосен, рече Трамп во интервју за Ројтерс пред утрешниот 100-ти ден од почетокот на неговото претседателствување, пренесува БТА.
Тој, сепак, изјави дека сака мирна разрешница на кризата која малтретира неколку американски претседатели. Трамп и неговата Влада се залагаат за овој пристап, подготвувајќи нови различни економски санкции и, истовремено, не ја исклучуваат и воената варијанта.
- Многу би сакале работите да ги надминеме по дипломатски пат, но тоа е доста тешко, рече тој.
Според него, Северна Кореја е неговиот најголем глобален предизвик.
Трамп го пофали кинескиот претседател Кси Џинпинг за помошта на Пекинг во обидите за зауздување на Северна Кореја. Двајцата лидери овој месец имаа средба на Флорида.
- Верувам дека тој вложува сериозни напори. Со сигурност знам дека не сака да има тензии и смрт. Не сака да го гледа тоа. Тој е добар човек, рече Трамп.
Според него, кинескиот претседател „би сакал да може да направи нешто, но веројатно дека нема да може“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра
