Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Куба е на работ на колапс, оти наскоро ќе падне и затоа бара договор со САД.
- Куба ќе падне наскоро, рече Трамп тој во телефонско интервју за американската телевизија Си Ен Ен во петокот.
Трамп, исто така, кажа дека Хавана сака договор со Вашингтон.
- Тие сакаат да постигнат договор, па затоа ќе го испратам (државниот секретар) Марко (Рубио) таму и ќе видиме како тоа ќе функционира. Навистина сме фокусирани на ова во моментов. Имаме многу време, но Куба е подготвена - по 50 години, истакна Трамп.
Американскиот претседател и претходно има кажано дека Куба е пред колапс. На крајот на јануари, тој изјави дека „Куба е нација која е многу блиску до пропаст“.
Трамп тврдеше дека карипската држава добивала пари и нафта од Венецуела, но по интервенцијата на САД, тоа повеќе не е можно.
Тој најави и „пријателско преземање“ на Куба. Сепак, досега не се случила ниту анексија ниту колапс на земјата.
Односите меѓу Хавана и Вашингтон се затегнати со децении. Во моментов, карипскиот остров е во најлошата економска криза од револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година. Меѓу другото, има недостиг на гориво, поради блокадата на испораките на нафта од Венецуела.
МИА
Ново на Сител
-

Болеста меѓу овците се шири вакцините се уште ги нема
-

СДСМ бара проширување на истрагата за возачот на Јанушев
-

Што значи победата на АФД на покраинските избори во Германија
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
-

Чествување на 8 Септември во кабинетот на претседателката
-

Се намалува бројот на вакцинирани деца во Прилеп, постои опасност од враќање на веќе искоренети болести
-

Пастрмајлијада 2026: Два дена, две локации, еден бренд
