Трамп: Кина не го почитува договорот за царините
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја обвини Кина дека не го почитува билатералниот договор за царините.
-Без големо изненадување Кина целосно го прекрши договорот – објави Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social), без да наведе детали за прекршувањата на Пекинг.
И американскиот секретар за финансии Скот Бесент оцени дека трговските преговори помеѓу САД и Кина се „на мртва точка“.
САД и Кина ги намалија царинските стапки за 115 проценти, оставајќи 30 проценти од царинските давачки за кинеските стоки што доаѓаат во САД, а само 10 проценти за американските стоки што доаѓаат во Кина.
САД и Кина на 12 мај во Женева постигнаа договор за намалување на царините за 115 отсто, оставајќи 30 проценти од царините за кинеските стоки увезени во САД, а само 10 проценти за американските стоки увезени во Кина.
Трамп во април воведе царини од 145 отсто за кинеските производи, а Пекинг возврати со зголемување на царините за увоз на американските артикли на 125 проценти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор