Трамп: Кина мора да ги снабдува САД со магнети или ќе се соочи со царини од 200 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини до 200 отсто на кинескиот увоз доколку Пекинг не успее да обезбеди сигурно снабдување за САД со магнети направени од ретки земјени елементим јави ДПА.
Зборувајќи синоќа во Белата куќа за време на состанокот со јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг, Трамп рече дека „тие мора да ни дадат магнети. Ако не ни дадат магнети, тогаш ние мора да им наплатиме царина од 200 отсто или нешто слично“, пренесува германската агенција.
Американскиот претседател призна дека ваквите екстремни мерки ефикасно би ја запрат трговијата со Кина, додавајќи дека тоа би било прифатливо доколку е потребно.
Ретките земјени метали се критични за модерната технологија, вклучувајќи ги паметните телефони, ветерните турбини, електрични возила и воена опрема, а магнетите се особено важни.
Кина е светски лидер во производството и преработката на овие метали, а САД се потпираат на увозот, потсетува ДПА.
Пекинг претходно го ограничи извозот на ретки земјени метали и магнети поради трговскиот конфликт со САД.
Последните забелешки на Трамп се во спротивност со неговиот попомирувачки тон од почетокот на август, кога објави 90-дневно продолжување на трговското примирје со Кина.
Двете земји во мај се согласија да ги суспендираат новите казнени тарифи за да ги унапредат преговорите за трговијата, снабдувањето со ретки метали и пристапот до чипови за вештачка интелигенција (ВИ), потсетува ДПА.
„Волстрит џурнал“ објави дека кинеска делегација, предводена од преговарачот Ли Ченгганг, се очекува неделава во Вашингтон да ги продолжи разговорите.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
