Трамп ја тужи Владата поради претресот на неговиот дом во Флорида

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја тужи Владата поради претресот на неговиот имот и побара од судот привремено да го блокира Федералното истражно биро во прегледување на материјалите, што пред две недели беа запленети од неговиот дом во Флорида.
Трамп, во вчера поднесената тужба пред федералниот суд во Вест Палм Бич, Флорида, бара американското Министерство за правда да му достави детален список на предмети запленети од ФБИ од неговиот дом во Мар-а-Лаго за време на претресот на 8 август.
– Не може да се дозволи политиката да влијае врз спроведувањето на правдата… Спроведувањето на законот не може да се користи како оружје за политички цели“, се вели во барањето на Трамп. Понекогаш во многу чувствителни случаи, судот може да назначи специјален администратор, обично пензиониран судија или адвокат, да ги разгледа запленетите материјали и да се погрижи истражителите да не ги видат заштитените информации.
Ново на Сител
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
