Трамп ја поздрави иницијативата на Зеленски за подобрување на односите

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази поддршка за напорите на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги подобри односите меѓу двете земји, по претходниот тензичен состанок во Овалната соба.
Во своето прво обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес по враќањето на функцијата, Трамп истакна дека добил писмо од Зеленски, во кое украинскиот лидер ја потврдил подготвеноста на Киев за мировни преговори, пренесува ДПА.
– Го ценам што ми го испрати ова писмо, изјави Трамп, признавајќи ги обидите на Зеленски за помирување.
Тој цитираше делови од писмото, во кое Зеленски нагласил дека е подготвен да работи под раководството на Трамп за постигнување траен мир.
Трамп, исто така, рече дека украинскиот претседател изразил подготвеност Украина да го потпише договорот за минерали што го бара Вашингтон.
Американскиот претседател додаде дека неговата администрација активно преговара со Москва и дека добила „силни сигнали“ дека Русија е отворена за мировни преговори.
– Зарем тоа не би било прекрасно? Време е да се стави крај на ова лудило. Време е да се запре убивањето. Време е да се стави крај на бесмислената војна, рече Трамп, нагласувајќи дека мирот може да се постигне само преку дијалог со двете страни.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
