Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран да заврши наскоро и додаде дека вооружените сили на САД се соочуваат со тешкотии во испораката на оружје.
– Сметам дека тоа ќе заврши многу наскоро. Не мислам дека тие можат да издржат уште многу – рече американскиот лидер во Овалната соба на Белата куќа по повод војната против Исламската Република.
Некои американски медиуми во вторникот јавија дека американската армија потрошила голем дел од своите резерви на ракети со долг дострел во текот на војната која трае пет месеци.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со резервите на муниција, Трамп изјави дека САД располагаат со речиси неограничени количини на одредена воена опрема, но призна дека има и ограничени резерви на некои оружја.
Има „одредени видови муниција кои се исклучително моќни, од кои располагаме со неограничена, практично неограничена резерва. Имаме и други, чии резерви се малку поограничени“, објасни американскиот лидер.
Трамп истакна дека американските компании за производство на оружје градат нови фабрики, вклучително и за производство на ракетите „Патриот“ и „Томахавк“.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
