Трамп: Иранскиот претседател да внимава што зборува

Претседателот на САД Доналд Трамп го предупреди иранскиот претседател Хасан Рохани дека е „подобро да внимава“ на своите изјави, во услови на пораст на тензиите меѓу двете земји по инаугурацијата на Трамп, пренесува БТА.
- Подобро да внимава, изјави Трамп пред новинарите, кои го придружуваа во претседателскиот авион на пат за Флорида, а како одговор на прашањето за изјавата на Рохани, дадена неколку часа претходно.
- На иранскиот народ треба да се зборува со респект. Кој го користи јазикот на заканата, иранскиот народ ќе го натера да зажали, изјави Рохани на прославата на 38-годишнината од Исламската револуција од 1979 година пред стотици илјади луѓе во Техеран.
На 2 февруари Трамп упати предупредување до Иран по обвиненијата дека Техеран го прекршил нуклеарниот договор со Западот и извршил пробно лансирање на балистичка ракета.
Неодамна САД воведоа нови санкции врз Иран поради ракетниот тест.
Трамп и голем број претставници во блиското опкружување се критички настроени кон склучениот во 2015 година нуклеарен договор меѓу Иран и шесте големи сили (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија), со кој се ограничува иранската нуклеарна програма во замена за делумно поништување на меѓународните санкции.
Белата куќа соопшти дека Трамп разговарал во последните денови за „иранската закана и малициозни активност на Иран на Блискиот Исток" во телефонски разговори со премиерот на Ирак Хајдер ал Абади и емирот на Кувајт шеикот Сабах ал Ахмад ал Џабер ал Сабах, истакнува ТАСС.
Ново на Сител
-

Садула Изаири од тетовскиот суд освои најмногу гласови за член на Судски совет
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Финансиска полиција со кривична против претседателот на Регулаторна, Бислимовски тврди дека постапките биле законски
-

ИЈЗ: Се намалува бројот на болни од грип, но ширењето на вирусот се уште е со среден интензитет
-

Камионџиите ја прекинуваат блокадата на границите, иако ЕУ не понуди брзо решение
-

Кривична за Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-

Европската унија допрва ќе го решава проблемот на камионџиите
-

СДСМ со закон ќе бара 600 евра минимална плата
