Трамп им вети на своите гласачи: Ќе ја завршам војната во Украина за 24 часа
Поранешниот американски претседател и можен републикански претседателски кандидат Доналд Трамп им вети на своите гласачи дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа, доколку биде реизбран.
Трамп рече дека рускиот претседател Владимир Путин почнал да распоредува војници на границата со Украина по „катастрофата“ со неговото „исфрлање од Белата куќа“, пренесува „Кликс“.
Тој ја обвини администрацијата на претседателот Џо Бајден дека не се ни обидела да преговара со Путин.
„Не е случајно што „длабоката држава“ уште повеќе ме прогонува откако ветив дека ќе ја завршам војната во Украина“, рече Трамп.
Тој додаде дека би можел да ја заврши војната „многу брзо“ откако ќе биде избран за претседател.
„Ќе имам договор во рок од 24 часа. Стоејќи пред вас денес, јас сум единствениот кандидат кој го даде тоа ветување. Ќе застанам на патот на Третата светска војна кон која одиме“, рече Трамп.
Ново на Сител
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Трамп - И Израел и Иран не го почитуваат примирјето
-
Мајка и три деца попладнево со авион ќе бидат евакуирани од Тел Авив во Атина
-
Почна дводневниот самит на НАТО
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во АФЕТ - одбиени амандманите на бугарските европратеници
-
Таткото тепач во притвор, за детето жртва на насилство неопходна е стручна помош
-
Законот за правична застапеност помина на Влада