Трамп и Си разговараа за заканите од Северна Кореја
Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг разговараа за заканите што доаѓаат од Северна Кореја, соопшти Белата куќа.
- Двајцата лидери ја потврдија приврзаноста кон идејата за Корејски Полуостров без нуклеарно оружје. Трамп повтори дека е цврсто решен да се стреми кон по избалансирани трговски односи со трговските партнери на Америка, стои во соопштението.
Американските медиуми јавија дека, претседателот на САД се уште е незадоволен од неуспехот на Кина да ја запре Северна Кореја.
Исто така, Трамп оствари телефонски разговор и со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, при што беше одлучено заедно со Јужна Кореја да биде зголемен притисокот врз севернокорејскиот режим.
Разговорот имаше за цел да ја потврди блиската соработка меѓу САД, Јапонија и Јужна Кореја пред средбата на Г-20, што ќе се одржи во Хамбург кон крајот на неделава.
Ново на Сител
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада