Трамп и Бајден доминираа на прелиминарните избори во САД во „супер вторник“

Американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп постигнаа победи на таканаречените прелиминарни избори „супер вторник“ во голем број држави, отворајќи го патот за историско повторување на судирот меѓу нив од претходните избори.
Трамп победи на гласањето на републиканците во повеќе од десет држави – вклучувајќи ги Калифорнија и Тексас – и го одбрани предизвикот на поранешната американска амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли, која беше неговиот единствен преостанат предизвикувач за републиканската номинација.
По последните резултати, Хејли веќе нема реални шанси да ја добие номинацијата.
По убедливото претставување во 15 држави во „супер вторник“, Трамп речиси ја обезбеди својата трета последователна претседателска номинација и покрај тоа што се соочи со повеќе кривични пријави.
Трамп и Бајден го свртеа своето внимание еден кон друг кога резултатите станаа јасни.
Во својот победнички говор во Мар а Лаго, Флорида, Трамп ја нападна имиграциската политика на Бајден и го нарече „најлошиот претседател“ во историјата.
„Петти ноември ќе влезе како најважен ден во историјата на нашата земја“, рече Трамп. Во својата изјава, Бајден повторно го претстави Трамп како закана за американската демократија.
„Вечерашните резултати му оставаат на американскиот народ јасен избор: дали ќе продолжиме да одиме напред или ќе дозволиме Доналд Трамп да не вовлече назад во хаосот, поделеноста и темнината што го одбележаа неговиот мандат“, рече американскиот претседател синоќа.
Се очекуваше Бајден лесно да победи на прелиминарните избори на Демократската партија, иако активистите кои се спротивставија на неговата силна поддршка за Израел ги повикаа муслиманските Американци и прогресивците да дадат протестни гласови со гласање „Не поддржувам никого“ во Минесота, како што правеа претходно во Мичиген.
Се предвидува дека Бајден ќе ја освои Минесота, но влијанието на гласачките ливчиња со „не поддрќувам никого“ достигна 20,4 отсто со преброени околу половина од очекуваните гласови.
Бајден победи во 14 други држави, вклучувајќи го и гласањето по пошта во Ајова, кое заврши вчера.
Тој претрпе и еден пораз – на американската територија на Американска Самоа, каде што претприемачот Џејсон Палмер победи со 51 глас „за“ наспроти 40 „за“ за Бајден.
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
