Трамп го откажа учеството на традиционалната годишна средба со медиумите
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека нема да присуствува на годишната вечера на Асоцијацијата на дописниците, акредитирани во Белата куќа.
Трамп на Твитер ја објави одлуката да не учествува на настанот, планиран за 29 април, на кој традиционално присуствуваат познати личности, политичари и новинари.
Тој им посака на учесниците на настанот се најдобро и добар помин.
Односите меѓу Трамп и медиумите се затегнаа, откако тој ги нарече „непријатели на народот“ и често пати ги критикува медиумите и конкретни новинари, чии известувања не му се доапаѓаат.
Традицијата за таа вечера е основана во 1921 година и на неа претседателите имаат можност да одржат говор, полн со самокритичност, но и со можност да упатат критики до своите политички ривали.
Во 2011 година Трамп присуствуваше на вечерата и беше предмет на потсмев од тогашниот претседател Барак Обама.
Ново на Сител
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје