-->
-->
Трамп го номинира Рајан Зинке за министер за внатрешни работи на САД
-->

Новоизбраниот американски претседател денеска и официјално го номинираше Рајан Зинке, републикански конгресмен од Монтана и поранешен командант на морнаричките специјални единици „Фоки“ за министер за внатрешни работи.
Ако оваа номинација ја добие потврдата во Сенатот, Зинке (55) ќе биде на чело на Министерството за внатрешни работи кое вработува повеќе од 70.000 лица, пренесоа британските медиуми.
Министерот за внатрешни работи во САД, за разлика од повеќето други земји во кои ја надгледува работата на полицијата, е задолжен и за федералното земјиште и природните ресурси.
Зинке беше меѓу првите републиканци кои го поддржаа Трамп и остана крај него и покрај сите напади од демократите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
