Трамп ги удвои царините за железо и челик

Трамп доцна синоќа потпиша уредба со која денеска стапува во сила ненадејната најава од минатата недела дека царините за железо и алуминиум, воведени во март, ќе се зголемат од 25 на 50 проценти.
Американските царини за поголемиот дел од увозното железо и алуминиум денеска ќе се удвојат, на денот кога претседателот Доналд Трамп очекува од трговските партнери да ги дадат своите најдобри понуди за да избегнат воведување царини за останатата стока на почетокот на јули.
Трамп доцна синоќа потпиша уредба со која денеска стапува во сила ненадејната најава од минатата недела дека царините за железо и алуминиум, воведени во март, ќе се зголемат од 25 на 50 проценти.
„Почнавме со 25, а кога подобро ги проучивме податоците, сфативме дека тоа многу помогна, но треба да се направи повеќе. И затоа почнува 50 проценти“-изјави советникот за економија на Белата куќа, Кевин Хасет.
Зголемувањето се применува за сите трговски партнери, освен Велика Британија, единствената држава која досега склучила привремен трговски договор со САД. Царинската стапка за увоз на железо и алуминиум од Британија, која не е голем извозник на метали во САД, ќе остане 25 проценти најмалку до 9 јули.
Околу една четвртина од железото што се користи во САД е увезено, а податоците од заводот за статистика покажуваат дека повисоките царини особено ќе ги погодат најблиските американски трговски партнери – Канада и Мексико. Канада е прв, а Мексико трет извозник на железо во САД.
Канада е уште повеќе изложена на царини за алуминиум, бидејќи е убедливо најголем извозник на тој метал во САД – двојно повеќе од другите десет водечки извозници заедно. Речиси половина од алуминиумот во САД доаѓа од странски извори.
Кабинетот на канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека се вклучени во интензивни преговори за да се отстранат тие и други царини.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
