Трамп: Договорот со Иран е смешен и луд
- Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека Иран ќе се соочи со „проблеми поголеми од кога и да е“ доколку повторно ја покрене нуклеарната програма.
- Луѓето ги знаат моите ставови во врска со договорот со Иран. Тоа беше ужасен договор, кој никогаш не требаше да се направи, изјави Трамп, оквалификувајќи го како „луд“ и „смешен“.
Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп да не се повлекува од мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма, потпишан во 2015 година или во спротивно ќе се соочи со „тешки последици“.
- Им кажувам на тие во Белата куќа дека доколку не се придржуваат до своите обврски, иранската Влада силно ќе реагира. Доколку некој го изневери Договорот, треба да знае дека ќе се соочи со тешки последици, изјави Рохани.
Ново на Сител
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево