Трамп: Добитничката на Нобеловата награда за мир ми се јави и рече дека ја прифаќа во моја чест

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека добил телефонски повик од новата добитничка на Нобеловата награда за мир, венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо.
-Лицето што всушност ја доби Нобеловата награда денеска ми се јави и ми рече: Ја прифаќам во ваша чест, затоа што Вие навистина ја заслуживте, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, без притоа да го спомне името на Мачадо.
-Многу убава работа, додаде Трамп. – Не ѝ реков ‘тогаш дај ми ја,’ но мислам дека можеби ќе го направи тоа, рече тој.
Норвешкиот Нобелов комитет вчера соопшти дека ја доделува наградата на Мачадо „за нејзината неуморна работа во промовирањето на демократските права на народот на Венецуела“.
Во својата прва реакција, Мачадо изјави дека наградата ја посветува на „страдалниот народ на Венецуела“ и на претседателот Трамп, „за неговата одлучна поддршка“ на нивната борба.
Трамп истакна дека „ѝ помагал во текот на целиот процес“, наведувајќи дека таа претставува „пример за храброст и решителност“.
Педесет и осумгодишната Мачадо се смета за обединувачка фигура во венецуелската опозиција и жесток критичар на авторитарниот претседател Николас Мадуро, кој е на власт од 2013 година. Таа се кандидираше на претседателските избори во 2023 година, но беше исклучена од следните избори поради наводни нерегуларности.
Нобеловата награда за мир се смета за највлијателното политичко признание во светот. Во последните недели Трамп повеќепати истакнуваше дека тој „ја заслужува наградата“, тврдејќи дека „ставил крај на седум војни за само седум месеци“.
Оваа недела, по негова иницијатива, беше постигнат почетен договор во конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас, кој доведе до прв прекин на огнот во Газа по повеќемесечни борби.
Сепак, критичарите го обвинуваат Трамп дека со својата политика ги поткопал меѓународните соработки и вредности врз кои се темелат мултилатералните договори и организации.
Не е познато дали тој бил номиниран навремено за овогодинешната награда – рокот за номинации беше 31 јануари, само 11 дена по неговото враќање во Белата куќа.
По објавата на одлуката на Нобеловиот комитет, директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чеунг, изјави дека „Комитетот уште еднаш покажа дека политиката им е поважна од мирот“.
„Претседателот Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да запира војни и да спасува животи,“ напиша Чеунг на платформата Икс. „Тој има срце на хуманист, и никогаш нема да има некој како него кој може да придвижи планини само со својата волја“.
МИА
Ново на Сител
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
